Младата фудбалска репрезентација обезбеди пласман на Европското првенство за играчи до 21 година кое ќе се одржи следната година во Полска.
Вечерва во арената “Филип Втори“ пред повеќе од 15 илјади гледачи македонската репрезентација ја совлада Шкотска со 2:0 со што го освои првото место во третата квалификациска група и директно се пласира на завршницата на европскиот шампионат.
Ова е прв пат Македонија да се пласира на големо фудбалско натпреарување.