Динко повторно тргнува во Македонија со спомен плочата и по Миленко Неделковски

Од:

„Во најскоро време повторно ќе тргнам кон Македонија. Не сме ги расчистиле сметките за прашањето со спомен плоча на Кајмакчалан“.

Ова го објави ловецот на мигранти Динко Велев од Јамбол. Тој минатата недела беше запрен на границата со Македонија при обид да влезе во земјата.

Бугаринот, меѓутоа вели дека не се откажува од намерата. Тој продолжува да ја „шета“ во багажникот со спомен плочата во чест на загинатите Бугари во битката на Кајмакчалан, додека не дојде моментот да ја стави на истото место, пренесуваат бугарските медиуми.

Споменикот кој беше диво поставенна Кајмакчалан, беше уништен со чекан од Миленко Неделковски. По неговите активности тој и Динко влегоа во онлајн војна.

„Ништо не може да ме запре да го ставам споменикот! Тоа е мојата улога во историјата на Бугарија“, вели Динко Велев.

Тој изјави дека нема да го кажува датумот на поаѓање за да не може македонските власти повторно да го спречат да влезе во државава. При првичниот обид да ја стави плочата македонските граничари одбија да го пуштат Бугаринот во земјава. Според бугарските медиуми македнските власти не успеале да ја аргументираат одлуката за влез на Велев.

Откако го држеле два часа во просторија на граничниот премин, му рекле дека плочата била опасна за безбедноста на Македонија.

„Уште еден час го пребаруваа мојот автомобил, без јас да сум таму. Не носам ништо нелегално. Чист сум како јагне“, изјави Велев за медиумите.

Покрај тоа, тој беше и со издадена забрана за влез во Македонија во рок од 24 часа. Динко сеуште инсистира и на средбата очи во очи со Миленко.

„Уште оди со обезбедување. Го знам секој негов чекор. Имам информатори во институциите во Македонија“, порачува Динко.

По инцидентот, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски го осуди Неделковски но и бугарските власти на кои им предложи легално да постават споменик на Кајмакчалан.

Би можело да ве интересира

Комити бараат новиот газда на Вардар да го смени Миленко Неделковски

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Миленко Неделковски го изгуби судскиот спор против Секуловска, Србиновски и Пировска

(ВИДЕО) Миленко Неделковски: Не сум виновен

Ана Ололовска

Миленко Неделковски на 17 јануари на суд за ширење ксенофобија

Наум Локоски

Кривична пријава против Миленко Неделковски за коментари со кои ја загрозил сигурноста на Заев

Наум Локоски

Неделковски: На врата ми е дојдена полиција да ме уапси

Наум Локоски