Во Куманово почна 12-тиот Фестивал на новиот германски филм

Од:

Кумановската публика од вчера вечер се до сабота ќе има можност да проследи шест филмови во рамки на 12-тиот Фестивал на новиот германски филм, кој започна вечерва во Младинскиот Културен Центар „Козјак“.

Публиката ќе има можност да проследи филмови од различни жанрови, комедии, драми, трилер, семејни и детски филмови. На отварањето на фестивалот присуствуваше заменик амбасадорот на Германија, Марко Акватичи, кој истакна дека фестивалот започнал минатата недела во Скопје и ќе биде прикажан во десет градови од Македонија.

– Во Македонија постои голем интерес за учење на германскиот јазик и култура и воопшто за државата. Во тој контекст, сметаме дека излегуваме во пресрет на граѓаните кои пошироко се запознаваат и со историските прилики и со различните сиутации кои се прикажуваат во филмовите, а оваа година донесовме навистина добри, модерни филмови, изјави заменик амбасадорот.

Градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски истакна дека фестивалот веќе традиционално се одржува во Куманово и дека е чест што заменик амбасадорот присуствува на отварањето на овој фестивал, преку кој, како што рече, се доближува германската култура до кумановската јавност.

Тој информираше дека со заменик амбасадорот Акватичи го посетиле и средното училиште „Перо Наков“ каде со поддршка на Германската амбасада е опремен кабинет за моден дизајн, со што учениците од таа насока добиле одлични услови за креирање и едукација.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Првиот македонски долгометражен анимиран филм ќе има светска премиера на еден од најголемите фестивали за фантастика во светот

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано