Пита од стар леб

Од:

Идеја како да го искористите стариот леб …

Потребно е:
1 бајат леб
100 гр путер
1 лажица масло
200 гр сланина
5 јајца
200 мл млеко
100 мл масло
1/3 лажиче сол
200 гр кашкавал

Подготовка:
– Кришките леб исечете ги на коцки. Распоредете ги на дното на тава и одозгора испрскајте ги со растопениот путер. Тавата ставете ја во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 10-15 минути.

– Додека се пече лебот подгответе ги останатите состојки. Сланината исецкајте ја на коцкички и пропржете ја на малку масло. Испржената сланина ставете ја на кујнска хартија и оставете да се впие вишокот маснотија.

– Изматете ги јајцата и додадете сол, бибер и млеко.

– Во една подлабока тава (со дијаметер од 26 см) ставете 2/3 од испечениот леб. Над него распоредете 2/3 од испржената сланина. Одозгора прелијте со половина од подготвениот прелив и посипете со половина од изренданиот кашкавал.

– Сега распоредете го преостанатиот леб и прелијте со остатокот од преливот. Додадете ја преостанатата сланина и повторно посипете со кашкавал.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени 20-25 минути.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска