Домашни колачиња со парчиња чоколадо

Од:

Најдобар рецепт за фини домашни колачиња …

Потребно е:
150 гр путер
120 гр кафеав шеќер
100 гр бел шеќер
1 јајце
1 жолчка
300 гр брашно
1/2 лажиче сода бикарбона
1/4 лажиче сол
300 гр чоколадо

Подготовка:
– Во сад на рингла на тивко растопете го путерот и оставете малку да се излади.

– Измешајте ги белиот и кафениот шеќер, додадете го растопениот путе и изматете.

– Додадете ги јајцето и жолчката и матете додека не стане кремасто.

– Потоа додадете ги и брашното и сода бикарбоната и на крај и исецканото чоколадо.

– Со раце обликувајте колачиња и наредете во тава обложена со хартија за печење. Меѓу колачињата оставајте простор 2-3 см.

– Ставете да се печат во загреана рерна на 170 целзиусови степени 15-17 минути.

– Извадете ги од рерна и оставете ги околу 5 минути да се изладат во тавата, а потоа префрлете ги во чинија и оставете убаво да се изладат.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска