Потребно е:
700 гр телешко парче месо без коска
1 чешне лук
1 мала главица кромид
1 ловоров лист
1/2 лажиче сушено оригано
1 лажиче мелена црвена пиперка
200 мл црвено вино
200 гр домати, излупени и исецкани на коцки
200 гр телешка супа
2-3 компири
2-3 моркови
1 пашканат
200 гр зелена боранија
Подготовка:
– Со остар нож засечете го месото од сите страни и направете неколу џепови. во секој ставете по едно чешне лук, кое претходно сте го исекле на листови.
– Ставете го месото во длабока чинија и одозгора ставете ги кромидот исецкан на подебели ленти, ловоровиот лист, ориганото, мелената црвена пиперка и прелијте со црвено вино. Оставете го да се маринира преку ноќ во фрижидер. Превртувајте го повеќе пати за да се маринира од сите страни.
– Извадете го месото од маринадата и малку исушете го со кујнска хартија.
– Во загреана тава сипете 1 лажица маслиново масло и на повисока температура испржете го месото од сите страни да добие златно-кафена боја. Посипете го со сол и бибер и убаво втријте ги во месото. Смалете ја температурата, додадете ги маринадата, доматите и супата. Кога ќе почне да врие поклопете го садот и префрлете го во загреана рерна на 160 целзиусови степени околу 1,5 час.
– Извадете го садот од рерна, додадете ги компирите исецкани на четвртинки и крупно исечените моркови и пашканат. Поклопете го садот и вратете го во рерна уште 30-тина минути. Повторно извадете го садот од рингла и додадете ја и крупно исечената боранија и вратете да се довари уште 15-тина минути.
– Извадете го садот од рерна и оставете го 15 минути малку да се излади, околу 15 минути.
– Месото исечете го на поголеми парчиња. Послужете го со сварен бел ориз заедно со зеленчукот и прелиено со сосот.