Раст на извозот од 6,4 отсто во првите осум месеци

Од:

Вкупната стоковна размена на Македонија со странство од јануари до август годинава изнесува 7.505.321 илјади американски долари. Најмногу се тргувало со Германија.

Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, извозот на стоки изнесува  3.112.569 илјади американски долари и бележи пораст од 6,4 отсто во однос на тој период од претходната година, додека вредноста на увезената стока изнесува 4.392.752 илјади долари што е за 6,2 отсто повеќе во споредба со тој период лани.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-август 2016 година, изнесува 1.280.183 илјади американски долари. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 70,9 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката.

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.

Во периодот јануари-август 2016 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија

Би можело да ве интересира

Извозот намален за 5,7 отсто, трговскиот дефицит 2 151,2 милиони евра

ДЗС: Опадна извозот, се зголеми увозот, трговскиот дефицит до јули е 1,92 милијарди евра

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено заради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

A1on

Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

A1on

Во првите 11 месеци од 2023 година покриеноста на увозот со извозот 75,2 отсто

Македонските дипломати во Кина ќе помагаат на компаниите во нивните извозни активности

Предраг Петровиќ