Холандската модна дизајнерка Полин ван Донген измисли паметна маица, која вибрира во случај на неправилно држење на телото.
Маицата „ФизиоПал“ е дизајнирана со цел да го поправи лошото држење на горниот дел од телото, предупредувајќи го лицето што ја носи кога е подгрбавено.
Донген маицата ја дизајнирала во соработка со компанијата „Елитак“, која произведува екрани на чувствителни допир, а „ФизиоПал“ во себе содржи и сензори кои податоците ги праќаат на мобилна апликација.
Дизајнирана да се носи како долна облека, оваа маица ја мери положбата на вратот, рамената и грбот. Овие мерки потоа ги праќа на апликација која податоците ги визуелизира и го оценува држењето на човекот.
Ако забележи подгрбавеност, маицата лесно ќе почне да вибрира со цел лицето да знае дека треба да го промени начинот на кој седи или стои.
Ван Донген вели дека фокусот бил на бирање на прикладни материјали кои се растегнуваат доволно со цел маицата да биде удобна, но да остава доволно место за технологијата.
Електронската опрема е ламинирана во текстилот така што маицата е удобна, а може и да се пере во машина за перење.
Оваа дизајнерка е позната по спојувањето на електрониката со модата. Во 2013 година направила облека која содржела соларни панели и овозможувала на лицето која ја носи да ја претвори во полнач за електронски уреди, како мобилни телефони и Џи-Пи-Ес.