Шпански рижото со месо и морски плодови

Од:

Паељата е тип на рижото, традиционално шпанско јадење …

Потребно е:
10 шаки ориз
2 парчиња пилешки гради
1 пикантен колбас
1-2 чаши (од 200 мл) школки
1 чаша шкампи
1 филе од бела морска риба
400 гр сецкани домати
1 свежа пиперка
1-2 печени пиперки (за декорирање на јадењето)
неколку парчиња аспарагус
1/2 чаша грашок
маслиново масло

зачини:
2 лажичиња шафран
2 лажици мелена црвена пиперка
1 л пилешка супа од коцка
2-3 ловорови листови
1 мало гранче рузмарин
сол и свежо мелен бибер
парчиња лимон

Подготовка:
– Пилешките гради исечете ги на парчиња. Морската риба исечете ја исто на парчиња.

– Во тава на малку масло пропржете ја морската риба, школките и шкампите околу 5 минути, исклучете ја ринглата и оставете ја тавата на страна. Иставете неколку школки со оклоп на страна.

– Во широка и плитка тава ставете масло и пропржете го пилешкото месо околу 3 минути. Потоа додадете го сецканиот колбас, пиперката исецкана на мали парчиња, исецаните аспарагус и кромид. Пржете околу 7 минути. Пред крај на пржењето додадете го сецканото лукче и измешајте.

– Сега додадете ги сецканите домати и продолжете да динстате 5-7 минути да испари малку течноста.

– Додадете го оризот и промешајте. Варете го оризот околу 2 минути.

– Сипете ја пилешката супа, сите зачини и измешајте. Оставете да се вари на средна температура. Паељата се вари без мешање.

– Последните 10 минути додадете го грашокот. Внимавајте оризот несмее да се распаѓа.

– Кога ќе испари скоро целата течност и ќе се свари оризот, додадете ја пропржената риба и морски плодови заедно со течноста која ја пуштиле. Внимателно измешајте и оставете да се вари 2-3 минути.

– Последните 5 минути не мешајте, оставете оризот малку да се запаче на дното на садот, но внимавајте да не загори.

– На крај сервирајте ја паељата на голема чинија, прелијте ја со сокот одлимон и украсете со печени пиперки исечени на ленти, неотворените школки и парчиња лимон.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска