Едноставно ќе ги подготвите во секое време на годината …
Потребно е:
2-3 јајца
1 чаша (од 250 мл) павлака
1 чаша јогурт
100 мл минерална газирана вода
1 чаша масло
2 чаши пченично брашно
2 чаши пченкарно брашно
1 лажиче сол
100 гр фета сирење
Подготовка:
– Во еден подлабок сад изматете ги јајцата и потоа додадете ги јогуртот, павлаката, маслото и минералната вода. Матете додека да добиете хомогена смеса.
– Во смесата додадете ги брашната, потоа прашокот за пециво и солта. Изматете за да се соединат сите состојки.
– На крај со раце издробете го сирењето и додадете го во смесата. Измешајте со дрвена лажица.
– Во калапот за мафини ставете хартиени корпички за печење или пак намастете го калапот и потоа сипете од смесата во отворите за мафини. Немојте да ги преполнувате затоа што мафините ќе нараснат додека се печат.
– Ставете да се печат во загреана рерна на 220 целзиусови степени околу 20 минути.