Вкусна ароматична пита од тиква со неодолива арома на цимет …
Потребно е:
15 тенки кори за пита
1,5 кг тиква
шеќер
цимет
2 кесички ванилин шеќер
масло
Подготовка:
– Тиквата излупете ја и изрендајте ја на крупно ренде. Додадете го ванилиниот шеќер.
– На работна површина ставете една кора и намастете ја и посипете со половина лажиче шеќер. Одозгора ставете ја втората кора и повторете ја постапката. Ставете ја и третата кора, малку намастете ја и распоредете ја тиквата. Посипете со 2,5 лажици шеќер и цимет и завиткајте ги како ролат.
– Истата постапка повторете ја и со останатите кори и фил.
– Ролатите наредете ги во намастена тава и премачкајте ги со малку масло.
– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 35 минути или додека питете убаво не порумени.