За сите љубители на паста …
Потребно е:
100 гр брашно
1 јајце
150 гр спанаќ
150 гр шунка
малку рикота сирење
2 моркови
50 мл маслиново масло
150 мл неутрална павлака
сол и бибер, по вкус
1 страк млад кромид
Подготовка:
– Измешајте ги брашното и јајцето додавајќи многу малку сол. Месете додека да добиете компактно тесто. Ставете го во фрижидер да отстои околу 30 минути.
– Потопете го шафранот во врела вода и оставете го да стои во водата.
– За тоа време исецкајте ги спанаќот, шунката и додадете и малку рикота сирење. Измешајте убаво.
– Извадете го тестото од фрижидер и ставете го на набрашнета работна површина. Со сукало развлечете го најтенко што можете. Исечете го на ленти со широчина околу 4 см.
– Премачкајте ги со изматена жолчка. На неколку места на лентата ставете од филот. Одозгора лентата преклопете ја со друга лента и притиснете со раце за да се истисне целиот воздух за да не се отворат додека ги варите.
– Исечете ги со рецкав нож и одвоите ги една од друга.
– Во сад на рингла сипете вода и оставете да почне да врие. Ставете ги равиолите и оставете ги да се варат 4-5 минути.
– За тоа време во тава на рингла на маслиново масло пропржете ги изренданите моркови. по неколку минути додадете ја водата со шафранот во неа. Сипете ја неутралната павлака и варете 4-5 минути.
– Сервирајте го сосот од шафран на дното на чинијата, зачинете го и одозгора ставете ги сварените равиоли. Полијте со малку маслиново масло и додадете и малку сецкан млад кромид.