Прва конференција за инвестиции во недвижности во Македонија

Од:

Прва конференција за инвестиции во недвижности во Македонија ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на он-лајн аукциската куќа за недвижен имот Е-аукција.мк и консултантската компанија Knowledge center.

На конференцијата ќе бидат презентирани актуелните трендови на пазарот со недвижности во Македонија и ќе се укаже на можностите кои постојат во овој сектор. Настанот е можност да се поврзат сите субјекти кои работат во оваа област.

Според најавата од организаторите, на конференцијата ќе се обратат вицегувернерот на Народната банка на Република Македонија Анита Ангеловска-Бежоска, директорот на Агенцијата за катастар на недвижнини Славче Трпески, како и Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништво при Стопанската комора на РМ, и Бранко Ѓуровиќ, проект менаџер на Е-аукција.мк.

Е-аукција.мк е прва онлајн аукциска куќа за недвижен имот во регионот. Таа е производ на проектот Аукциски тигар, поддржан од компанијата Knowledge centar и Фондот за иновации на РМ. Целта на „Аукциски тигар“ е да го раздвижи пазарот на недвижнини во земјата, да понуди решение за побрзи трансакции и зголемување на ликвидноста на компаниите и институциите кои имаат имот по основ на побарувања, да го отвори пазарот за странски инвеститори и фондови кај кои електронското наддавање е воспоставена пракса.

Би можело да ве интересира

Од денеска поевтини катастарски услуги

Катастарските услуги поевтинуваат до шест пати

Катерина Ѓуровски

Голем пад на цените на новите станови во Кина

Во првиот квартал 1.953 хипотеки на недвижности со вредност од 326.659.594 евра и 3.315.341.507 денари

Горан Наумовски

Прво намалување на цените на становите после четири години раст

A1on

Рибароски: Агенцијата за катастар води хајка против приватните геодетски компании во спрега со судовите