Богоев: Нашата мисија е живот за младите во Македонија!

Од:

„Имам еден другар се вика Никола. Не е тој Никола, што дел од вас помислија. Тој е Никола Ќурчиски, од Македонска Каменица. Израснат и школуван во Македонска Каменица, оние од истокот можеби го знаат, во нормално, просечно, чесно македонско семејство.

Дипломираше тука информатика, магистрираше на руската претседателска академија во Москва, со стипендија, и на истата Академија сега работи и е на докторски студии.

Овој мој другар додека студираше тука, таков талентиран, образован, чесен и културен не можеше да најде легло во студентски дом само затоа што не беше од партијата на оној другиот Никола.

И сега за жал, вакви како мојот другар има многу, но за среќа како другиот Никола има само еден, осамен, уплашен и на 11-ти декември катастрофално поразен.

Не сум човек кој ја врти главата пред проблемите на моите другари и другарки. Затоа сум тука, заедно со сите млади луѓе, средношколци, студенти да се избориме за подобар живот и промени во Република Македонија.

Мојата мисија и цел е да си го вратам другар ми Никола од Москва, Русија, тука во Македонија. Знам дека ќе успеам, знам дека вие ќе ми помогнете, сите млади се борат за оваа работа, за иднина во Република Македонија”, рече Богоев.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нема да дозволиме изборна кражба!

А1он

ВИДЕО: И СДСМ ќе го блокира Изборниот законик, Филипче вели дека отвора врата за изборна кражба

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче

Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?