Средба Заев – Батели: Силна посветеност на ОБСЕ, мора да има регуларни избори!

Од:

Претседателот на СДСМ , Зоран Заев денеска се сретна со делегација на ОБСЕ предводена од потпретседателот на парламентарното собрание на ОБСЕ за Југоисточна Европа и специјален координатор на ОБСЕ за изборите на 11 декември во Македонија, Роберто Батели.

Изборите во декември мора да бидат регуларни, на Европа и е потребна стабилна Македонија е децидната порака што ја пренесе високиот дипломат од ОБСЕ. Тој најави силна посветеност на Мониторинг мисијата на ОБСЕ во земјава на организацијата и спроведувањето на изборниот процес и порача дека само демократски институции во Македонија можат да помогнат во економски развој на Македонија и нови работни места за стабилизирање на животниот стандард на граѓаните.

Претседателот Заев се заблагодари на Мисијата на ОБСЕ за придонесот на организацијата во развојот на демократските процеси во земјава и оцени дека мониторите на ОБСЕ се охрабрување за граѓаните за фер предизборен и изборен процес.

-СДСМ е дел од техничката Влада за да ги заштити граѓаните од какви било притисоци и злоупотреби од страна на власта и во декември мора да одлучи слободната волја на граѓаните. Ние веќе имаме краткорочен и среднорочен план за приоритетите на новата Влада, што ги усвои вчеравечер партискиот Конгрес, преку коишто се обврзуваме на динамиката со којашто ќе го подобруваме животот на граѓаните, ќе ги обновуваме демократските институции и ќе ги отвораме перспективите за Република Македонија, рече претседателот Заев.

Би можело да ве интересира

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Кузеска: Време е власта да одговара и за пожарите и за еколошката катастрофа

Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Барам итни оставки од министерот за внатрешни работи и министерот за здравство, како и од директорот Стојанче Ангелов

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата

(ВИДЕО) Тренчевска: Бараме од надлежните институции да ги преземат сите мерки за заштита на жртвите и превенција на фемицидот