Оваа година се навршуваат 1100 години од блаженото упокоение на светиот Климент, Охридскиот Чудотворец, којшто се упокоил на 27 јули 916 година. Овој значаен јубилеј Православната Охридска Архиепископија го одбележува на повеќе и различни начини.
Централната прослава на 1100 годишнината од упокоението на светиот Климент Охридски, со црковно благолепие, се одржа на 1 и на 2 октомври во ставропигијалниот манастир „Св. Јован Златоуст“, Нижеполе, Битола.
„На 2 октомври беше отслужена света архиерејска литургија на којашто началствуваше неговото блаженство, архиепископот охридски и митрополит скопски г.г. Јован, во сослужување на архијереите: епископот врањски г. Пахомиј, Митрополитот на Китрус и Катерини г. Георгиј, епископот тимочки г. Иларион, епископот полошко-кумановски и Местобљустител дебарско-кичевски г. Јоаким, епископот брегалнички и местобљустител битолски г. Марко и епископот стобиски и местобљустител струмички г. Давид, и бројно свештенство од различни епархии на повеќе помесни цркви, како и монаси, претставници на светогорскиот манастир Хиландар“, соопшти ПОА.