ВМРО-ДПМНЕ: Еуфоријата на СДСМ никогаш немала покритие, граѓаните ги поддржуваат нашите дела

Од:

„Опседнатоста на аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ со Никола Груевски продолжува и во вакви денови кога на Бихаќска се обидуваат да глумат партија и вештачки да создадат оптимизам.

Како што целата јавност виде и вчера и 11 години наназад, еуфоријата на СДСМ никогаш немала покритие бидејќи граѓаните одбираат да ги поддржат делата и реализацијата на ВМРО-ДПМНЕ, наместо бесот, фрустрацијата и деструкцијата на СДСМ.

Граѓаните ги препознаваат идеите, посветеноста и отчетноста на ВМРО-ДПМНЕ и многу добро знаат дека она што Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе го ветат, го реализираат. Затоа СДСМ има напад на паника пред избори па во таква состојба фрла со дрва и камења по сите позитивни работи кои ги прави ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа „одмазда на неспособните“ од СДСМ, луѓе кои не може да им простат на оние кои работат и создаваат, резултира со плукање дури и по детски градинки. Срамно и дегутантно.

Токму поради оваа особина на СДСМ, народот не им простува и нема да им прости ниту на 11-ти декември. За граѓаните ќе е лесно да одлучат помеѓу проекти и деструкција. Бројките јасно го покажуваат расположението на народот. Казната за СДСМ доаѓа и од тоа бегање нема“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Кузеска: Време е власта да одговара и за пожарите и за еколошката катастрофа

Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Барам итни оставки од министерот за внатрешни работи и министерот за здравство, како и од директорот Стојанче Ангелов

Манасиевски: Кога делата ја демантираат реториката, вистинското лице на Левица и Мојсоска се разобличува

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата