Од денеска пријавување за студенти-тутори за подучување ученици

Од:

Студентите кои сакаат бесплатно да подучуваат основци (од шесто до деветто одделение) и средношколци, од денеска до 30 октомври може да се пријавуваат на интерактивниот портал за тутори: tutori.mon.gov.mk.

Целта на овој проект, како што велат од Министерството за образование и наука, е да им се помогне на учениците на кои им е тешко совладувањето одредени предмети,  без тоа да биде на трошок на нивните родители. Бенефит ќе има и студентот тутор  доколку има резултати од подучувањето кај најмалку два ученика, односно ако по соодветниот предмет тие добијат повисока оценка споредено со претходната година. Во тој случај студентот тутор ќе добие дополнителни десет поени кога ќе аплицира за студентска стипендија во следната година.

Меѓу условите кои треба да ги исполни студентот за да биде тутор е – да биде редовен студент, да достави препорака од најмалку еден професор  од соодветниот предмет кој ќе потврди дека тој е подобен да подучува и по предметот или предметите за кои се пријавува да подучува да има најмалку 8 просечен успех.

Родителите односно старателите на учениците во периодот од 18-ти до 25 ноември ќе можат да ги избираат туторите за своите деца преку посебно мени во рамките на електронскиот дневник, кој е надграден за оваа намена. Откако родителот односно старателот ќе селектира тутор, системот ќе испрати автоматска порака на електронската адреса на туторот, а тој ќе има обврска повратно да одговори во рок од пет дена. Во електронскиот дневник ќе се води и евиденција за одржаните туторски часови, кои исклучиво под надзор на родител ќе се реализираат во домот на ученикот, почнувајќи од 26 ноември, па се до крајот на учебната година.

Според правилата на овој проект, еден студент може да се пријави да биде тутор по најмногу четири предмети, односно да подучува најмногу четири ученици по еден предмет, и со секој од нив ќе треба да одржува најмалку еден час седмично.

За избор на кандидатите ќе одлучува комисија (со членови од МОН, Бирото за развој на образованието, наставник од основно и од средно образование, универзитетски професор и психолог) која ќе прави и непосредни интервјуа со заинтересираните студенти и ќе одлучува дали се соодветни за да бидат дел од централната база на тутори.

Би можело да ве интересира

Рама повторно ги повика студентите на дијалог, овојпат на камена маса

Јаневска: Блиску сме до решение за студентскиот оброк, се разгледува ваучерски систем

Растат тензиите во Албанија: демонстранти ги запалија перничињата поставени како симболична покана за дијалог пред седиштето на Еди Рама

A1on

Левица: Планира ли некој да ја извести Јаневска дека студентскиот оброк, спротивно на Закон, три години не е покачен или свесно продолжува да лаже?!

Горан Наумовски

Затворени се 26 рурални училишта, во основно образование има 200, а во средно 100 паралелки помалку

Катерина Ѓуровски

Левица: Три години студентскиот оброк e без усогласување, студентите се оштетени за 6,5 милиони евра

Горан Наумовски