(ВИДЕО) Георгиевски: Имаме начин како да го сопреме иселувањето, секое село ќе стане општина

Од:

По трката на идеи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со решенија за микро проблемите, ВМРО Народна Партија пласира системско решение со политички и економски дух, рече лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски.

– На Република Македонија и се случува депопулација, бегство во поголемите градови или во странство. Во моментов имаме 1800 населени места, а само 80 општини. Ние во Македонија ќе направиме секое село да биде општина, систем на комуни, рече Георгиевски.

Според него, со тоа ќе спласне мултиетничката напнатост, бидејќи системот ќе биде прифатен за сите. Според него, со овој систем ќе се врати економскиот импулс во секое село.

– Секое село ќе може да создаде економски импулс. Подобро да ги вработуваме во селата отколку да се полни администрацијата во Скопје. Овој модел функционира во цела Европска Унија, а кај нас ниедно село нема жиро сметка. Оваа промена е решение за многу проблеми и би требало да биде прифатена од многу структури, рече Георгиевски.

Тој вели дека на овој начин ќе се сопре демографската катастрофа во Македонија и сите села ќе можат да конкурираат со свои програми, односно нема да чекаат општините да се сетат на нив.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

42,67 отсто од младите во Македонија би ја напуштиле државата

Македонија во топ 20-те земји во светот чии високообразовани и стручни кадри заминуваат

Од Македонија годишно заминуваат околу 2500 високообразувани кадри

Катерина Ѓуровски

ВМРО-НП: Наместо исполнување на договорените обврски со ЕУ, Владата со нови проблеми пробува да го „откочи“ веќе закочениот процес

Од Македонија годишно си заминуваат по 2.500 високообразовани кадри, државата на петто место по одлив на мозоци

Катерина Ѓуровски

Во гимназијата во Центар Жупа има само 14 матуранти, иселувањето го празни регионот