Дерби натпреварот од 16. во Првата македонска фудбалска лига poмеѓу Хоризонт Турново и Вардар одигран попладнево во Турново, заврши без голови 0:0.
Без победник завртши натпреварот во Скопје на арената „Филип Втори Македонски“, каде Работнички и Шкендија одигра 1:1
Работнички поведе со голот на Крсте Велковски во 23-минута, а Демири на две минути пред крајот (88) го израмни резултатот.
Победа од 1:0 оствари, Напредок во дуелот со Пелистер. Стрелец на единствениот гол на средбата во Кичево беше Дејан Цветановски во 74-минута.
Еден гол го реши и победникот на натпреваро во Штип, каде Металург благодарение на погодокот на Миле Крстев во 8-минута стигна до трите бодови во дуелот со Брегалница.
Стрелците беа нај расположени на средбата во тетово каде домашниот Тетекс со 2:1 го порази Силекс. Головите на Тетекс ги постигнаа Иван Настевски (11) и Владко Дробаров (25), додека Николчо Георгиев (84).
Вчера, Дрита со двата гола на Бобан Јанчевски (7 и 41 минута), ја совлада екипата на Дрита со 2:0.