Одличен спој на состојки, пилешко со печурки во доматен сос …
Потребно е:
600 гр пилешки гради
400 гр свежи шампињони
2 домати
2 чешниња лук
1 лажица пире од домати
сол, бибер
мелен сув зачин
темјан
мелена црвена пиперка
2 лажици маслиново масло
Подготовка:
– Пилешкото месо исечете го на коцки и ставете го во една подлабока тава. Поклопете и динстајте го на умерена температура додека да испари целата течност што ќе ја пушти месото.
– Додадете ги исечените на листови печурки и повторно поклопете го садот. Динстајте околу 10-тина минути.
– Додадете ги маслиновото масло, ситно сецканиот лук, доматното пире и изренданите домати. Убаво измешајте и сипете 100 мл врела вода. Поклопете и варете уште 10-тина минути.
– Ова соте со пилешко и печурки може да го послужите со сварен ориз, пире од компири или пак сварени макарони.