Дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски денеска изјави дека покренал иницијатива да се одложи оценувањето на јавната администрација.
– Побарав измени на Законот за административни службеници по скратена постапка и група пратеници уште денеска ќе го поднесе предлогот во Собранието. Изборна година е, за два месеца се предвремените парламентарни избори и не дозволувам никој предизборно да им се заканува и да ги уценува вработените во администрацијата, посебно не со уценувачкото и нелогично оценување, рече Кирацовски.
Тој појасни дека со измените што ги иницирал се бара одложување на примената на законот до крајот на 2017 година.
– Дотогаш низ широка јавна и експертска расправа да биде утврден начин за мотивација на вработените во администрацијата, наместо овие казнени политики, рече Кирацовски.