ФФМ домаќин на квалификациски турнир во женска конкуренција до 17 години

Од:

Женската репрезентација на Македонија до 17 години од 30 септември до 5 октомври 2016 година ќе ги одигра натпреварите од турнирот за пласман во елитна фаза за квалификации за Европското првенство за девојки до 17 години.

Фудбалската федерација на Македонија го организира квалификацискиот турнир на кој покрај нашата репрезентација учествуваат женските селекциите на Австрија, Босна и Херцеговина и Северна Ирска.

За трите натпревари на Македонија, селекторот на женската млада репрезентација Тоше Нацев смета на следните фудбалерки:

Голмани: Суарта Рочи (Ас Јунајтед), Стоилковиќ Наталија (Речица); Одбрана: Гегова Драгана (Борец), Живиќ Јулија (Борец), Ѓорѓиева Теодора (Борец), Белистојановска Марија (Топ Гол), Јошевска Христина (Атлетико), Граматикова Сара (Тиверија);

Среден ред: Дервиши Рабија (Драгон 2014), Ѓорѓиоска Јована (Топ Гол), Петрушевска Кристина (Борец), Ѓорѓиевска Марија (Борец), Положани Синдис (Ас Јунајтед), Петровска Теодора (Топ Гол), Викторија Кирјанова (Ас Јунајтед);

Напад: Џевалекова Марија (Тиверија), Николова Ивана (Тиверија), Николовска Анастасија (Речица), Тодоровска Александра (Кочани), Димоска Теодора (Драгон 2014).

Првиот натпревар нашата женска репрезентација ќе го одигра на 30 септември со почеток во 15 часот против Австрија. Дуелот ќе се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

На 2 октомври противник на Македонија е Северна Ирска, а три дена подоцна (5 октомври) Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Нападот на Сејдини е без преседан, тој е истакната спортска личност и првиот Албанец на чело на ФФМ

Горан Наумовски

ФФМ: Длабоко сме загрижени и го осудуваме националистичкo скандирањe на Мирлинд Даку

Горан Наумовски

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

A1on

ФФМ донесе одлука: Шкендија доби службена победа, а стадионот „Чаир“ доби суспензија