Заменикот-претседател на Европската комисија, Кристалина Георгиева ќе замине на неплатено отсуство за време на нејзината кампања за избор за генерален секретар на ОН, соопштија од Комисијата, јави БТА.
– Денеска претседателот на комисијата Жан-Клод Јункер донесе одлука Георгиева да користи неплатено отсуство. Должноста на Георгиева ќе ја врши еврокомисарот Гинтер Етингер, изјави претставникот на ЕК.
– Премиерот Бојко Борисов и заменик претседателот Георгиева го известија Јункер заодлуката на бугарската влада да ја номинира Георгиева за највисоката функција во ОН. Јункер ја одобри нејзината молба за неплатено отсуство за октомври, додаде изворот.
Претходно денеска, бугарската Влада соопшти дека донела одлука да го смени својот кандидат за генерален секретар на Обединетите нации Ирина Бокова со Кристалина Георгиева.