Рајковиќ: Најдоброто од МЗТ Скопје го очекувам во вториот дел од сезоната

Од:

Македонски кошаркарски шампион МЗТ Скопје в петок на гостувањето кај Црвена ѕвезда во Белград ја почнува новата сезона во регионалната АБА лига. За дуелот со бранителот на трофејот на „Јадранот“ и воопшто за амбициите во новата сезона на денешната прес-конференција говореше тренерот Емил Рајковиќ.

– Не очекува долга и напорна сезона. Подготовителниот период заврши со турнирот во Кавадарци. Се надевам дека ќе бидеме достојни на нивото на натпреварувањата во кои настапуваме оваа сезона, АБА лигата и Еврокупот. Пред се да бидеме здрави и во добро расположение да го дочекаме првиот меч против Црвена ѕвезда. Се надевам дека во овој пеколно тежок октомвриски распоред ќе извојуваме доволен број на победи кои ќе ни овозможат во вториот дел да ги исполниме нашите амбиции ко не се мали. Јас ќе работам  МЗТ да биде шампион на АБА лигата, но во овој момент не сериозно е да кажам дека тимот е фаворит за пласман на „фајнл фор“, истакна Рајковиќ

Сепак, додаде тој, треба да се биде реален, ова е екипа составена од играчи кои првпат играат заедно и им треба време да се воиграат. Квалитетот и силата на тимот да го видиме на терен, а најдоброто од овој тим го очекувам во вториот дел од сезоната кога се делат и трофеите.

За дуелот со „црвено-белите“ Рајковиќ рече дека противникот е многу квалитетен ти, шампион на АБА лигата, евролигаш и фаворит за средбата со македонскиот шампион.

-Црвена ѕвезда е извонреден тим кој во Белград оди на победи со големи разлики против секој, ама ние создаваме тим, каде и да играме да пробаме да победиме, па така ќе биде и на овој меч.

За стартот на АБА лигата Рајковиќ ќе ги има на располагања сите играчи, но Ѓорѓе Дреновац и Марко Симоновски не се целосно закрепнати од повредата и неизвесно е колку време ќе може да помината во игра.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он