Градскиот Совет на Париз го одбори предлогот на Партијата на зелените за изградба на нудистички парк.
Нудистичкиот парк, што може да почне да се гради до почетокот на летото 2017 година, најверојатно ќе се наоѓа во една од двете пошумени области во градот – Булонската шума, во западниот, или Венсенската шума, во источниот дел на Париз.
Натурализмот во Париз се „развива како никогаш до сега“, изјави Дејвид Бејлер, еден од директорите на еколошката група на Градскиот совет.
Бејлер наведе дека скоро два милони Французи практикуваат натуризам, што веќе е стандардна појава во голем број европски градови, вклучувајќи ги Барселона, Берлин и Минхен.
Нудистите од Париз веќе долго се жалат на турканиците во постоечките нудистички објекти во градот. Базенот Рожер ле Гал овозможува нудизам во понеделник, вторник и среда навечер, но членовите велат дека условите таму се ужасни.