Вкусно и здраво јадење …
Потребно е:
600 гр брокули
300 гр карфиол
300 гр моркови
2 лажици зачин од сушен зеленчук, без сол
1 лажиче лук во прав
1 китка магдонос
250 мл неутрална павлака
1 лажица куркума во прав
1 лажиче ловор во прав
2 лажици сенф
1 чаша мелен сусам
ситна морска сол, по вкус
2 лажици маслиново масло
млеко, по потреба
Подготовка:
– Измијте ги брокулите и карфиолот и раздвоите ги на цветчиња. Бланширајте ги во врела вода. Потоа поминете ги под млаз ладна вода и оставете да се исцедат.
– Измешајте го целиот зеленчук, посолете, зачинете со зачинот од сушен зеленчук без сол, со лукот во прав и сецканиот магдонос. Убаво измешајте и сипете ја целата содржина во огноотпорен сад кој претходно сте го намастиле со маслиново масло.
– Во една чинија ставете ги мелениот сусам, неутралната павлака, куркумата, ловорот, сол и убаво измешајте. Додадете сенф и млеко. Треба да добиете смеса која е малку погуста од смесата за палачинки. Наместо млеко може да користите јогурт или кефир.
– Со оваа смеса прелијте го зеленчукот и ставете го да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени додека да порумени одозгора.
– Извадете ја тавата од рерна, оставете малку да се излади и сервирајте.