Вака подготвениот фондан е дефинитивно најдобар …
Потребно е:
60 мл ладна вода
1 кесичка + 1 мало лажиче желатин во прав
8 лажици фруктоза
1 лажица вода
15 мл глицерин
околу 1 кг шеќер во прав
Подготовка:
– Желатинот полијте го со 60 мл вода и оставете да набабри.
– Фруктозата со 1 лажица вода ставете ги во сад на рингла. Загревајте на тивко додека се растопи. Треба да добиете густ сируп.
– Оставете го малку да се излади, околу 10 секунди и потоа додадете го глицеринот малку по малку со постојано мешање.
– Горната врела смеса додадете ја полека во желатинот и мешајте додека се растопи.
– Шеќерот во прав сипете го во еден подлабок сад и во средината направете вдлабнатина.
– Малку по малку сипувајте од смесата и мешајте. За кратко време ќе мора и со раце да ја замесите смесата. Треба да добиете хомогена мазна смеса без грутки.
Совети како да го користите фонданот:
1. Ако фонданот не го користите истиот ден кога сте го направиле, завиткајте го убаво во пластична фолија и ставете го во фрижидер. Пред да го употребите извадете го малку порано од фрижидер и оставете го да се отпушти.
2. Различните фигури направени од фондан може да ги лепите со врела вода со повеќе шеќер во прав во неа.