Средба Заев Ромео: Добар животен стандард по промените во декември

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Италија во Македонија, Карло Ромео.

Транспарентен и фер изборен процес на којшто граѓаните ќе ја изберат својата Влада е очекувањето што го пренесе италијанскиот амбасадор.

Фокусот на средбата беше важноста на предизборниот и изборниот процес за враќање на Р.Македонија на нормален колосек и отворање на закочените перспективи.

-СДСМ е силно посветена во декември да има регуларни избори, зашто само такви избори се излез од политичката криза во Македонија. Истовремено активно работиме на потребните клучни реформски процеси што по промените во декември ќе обезбедат добар животен стандард за граѓаните, поддршка на домашните претпријатија за зајакнување на економијата, функционирање на правната држава, на професионални медиуми, на институции посветени на граѓаните, рече претседателот Заев.

На средбата амбасадорот Ромео соопшти дека Италија останува силен поддржувач на евро-атлантските аспирации на Македонија.

Заеднички е констатирано дека прв чекор кон стабилна и сигурна иднина на граѓаните е демократизација на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски