ВМРО-ДПМНЕ: Фарбањето на судот обид за заплашување на судиите

Од:

ВМРО-ДПМНЕ смета дека синоќешното фарбање со боја на зградата на судот во кој треба да се судат случаите за барањето поткуп и за случајот „Пуч“ во кој осомничен е лидерот на СДСМ Зоран Заев е обид да се заплашат судиите да одлучуваат согласно законот.

– ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува обидите на аболицираниот криминалец Зоран Заев преку напади и закани врз судот да изврши притисоци и да ги заплаши судиите да одлучуваат согласно законот. Срамниот ноќен вандалски чин на хулиганите од платеничката револуција на СДСМ/Сорос е резултат на желбите на аболицираниот криминалец Зоран Заев да бидат заплашени судиите кои треба да го судат за барањето поткуп и за случајот „Пуч“, порачувајќи им дека дивите орди кои се под негова команда ќе дејствуваат секогаш кога ќе биде донесена одлука што не е по негова волја, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што се посочува во соопштението, „аболицираниот криминалец Зоран Заев се плаши и треба да се плаши дека правдата ќе го стигне“.

Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат притисоците и нападите врз судот да престанат, а членството на СДСМ да се дистанцира од неразумните чекори на Заев.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот