(ВИДЕО) Шилегов: Единствено ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ бегаат од фер избори!

Од:
Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов по денешната изјава за медиумите одговараше на новинарските прашања.

Дали мислите дека ќе има избори ако Уставниот суд не го стави на дневен ред прашањето за уставноста на СЈО?

Единствените кои бегаат од фер, слободни и демократски избори, во текот на целата година, не само сега, се ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Нема да дозволиме да се одложат изборите коишто треба да бидат фер, слободни и демократски. Македонија мора да има фер, слободни и демократски избори!

Дел од интернет порталите пишуваат дека синоќешното уништување на Основниот суд е нарачано од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, бидејќи во таа институција ќе му се суди за случајот „Пуч“.

Колку што сум јас запознат, меѓутоа мислам дека и јавноста, одговорноста за фарбањето на Основниот суд Скопје 1 ја презедоа „шарените“. Ако внимателно го читате тоа соопштение, веројатно ќе ги утврдите и мотивите заради кое е тоа направено.

 

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати