Мека и вкусна …
Потребно е:
600 гр брашно
200 мл млеко
10 лажици шеќер
200 гр путер
5 жолчки
малку сол
1 коцка свеж квасец
за филот:
џем од сливи
1 жолчка, за премачкување
Подготовка:
– Во малку млако млеко ставете ги квасецот, 1 лажиче шеќер и 1 лажиче брашно, разматете ги и оставете ги на топло за да стаса квасецот.
– Во еден сад изматете ги путерот, шеќерот и жолчките.
– Во садот додадете ги брашното, малку сол, стасаниот квасец и млекото и замесете тесто. Месете додека да почнат да ви се појавуваат балончиња на површината.
– Оставете го тестото да надојде. потоа повторно малку премесете го и поделете го на два дела.
– И двата дела со сукало развлечете ги во форма на круг. премачкајте ги со џемот и замотајте ги како ролати. Ставете ги во тава обложена со хартија за печење и оставете ги уште неколку минути да стојат.
– Потоа премачкајте ги со разматена жолчка и ставете да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 50 минути.