Бизнисмените бараат дијалог за надоместоците за авторски права

Од:

Бизнис заедницата бара дијалог со Здружението за заштита на авторските музички права во врска со висината на надоместоците за авторски права со цел да се најде прифатливо решение за двете страни.

Здружението на информатичко-комуникациски технологии при Стопанската комора на Македонија смета дека треба да се плаќа надомест за авторско право, но висината што сега се плаќа, според нив, е висока и потребно да се најде прифатливо решение.

– Авторските права треба да се плаќаат и тоа не треба да го ставиме како точка за размислување. Бизнис заедницата тежнее кон тоа. Но, треба да се плаќаат рамноправно, односно сите согласно остварувањата на приходите заради користење на авторските дела треба да бидат соодветно оптоварени. Исто така, целиот процес и тарифите треба да бидат максимално транспарентни, истакна денеска на прес-конференција Благој Христов, претседател на Здружението на информатичко-комуникациските технологии.

Тој посочи дека надоместоците што треба да ги плаќаат угостителските објекти се повисоки од оние што ги плаќаат за туристичка такса, додека надоместоците во делот на информатичко – комуникациските технологии се двојно повисоки од тарифите што ги препорачува Комисијата за посредување при Министерството за култура.

Бизнис заедницата исто така бара Здружението за заштита на авторските музички права да дава отчет каде и за што се трошат парите кои ги собира од компаниите и во Управниот одбор наова здружение да има претставник од бизнис секторот.

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ