Продолжува дебатата во Собранието за извештајот на СЈО

Од:

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска треба да ја продолжи расправата за Извештајот за активностите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за периодот од 15 март до 15 септември годинава.

На дневен ред на Комисијата е и Годишниот извештај за работата на Јавните обвинителства во Република Македонија за 2015 година.

Комисиската расправа за Извештајот на СЈО почна во средата минатата недела.

Извештаите на СЈО и на Јавните обвинителства се на дневен ред и на закажаната за денеска напладне 120 пленарна седница.

Во Парламентот за денеска се закажани и седници на Комисијата за финансирање и буџет, на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија и на Законодавно-правната комисија.

Комисиите за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија треба да расправаат за предлог-законите за изменување на Законот за задолжување на Република Македонија со кредит кај Кредитната банка за обнова („KFW“) по Договорот за кредит за Проектот за наводнување на јужниот регион на Вардар, по скратена постапка и на Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Кредитната банка за обнова – КфВ по Договорот за заем за проектот „Наводнување на јужната долина на реката Вардар – фаза II“, по скратена постапка, во второ читање. Законодавно-правната комисија треба да го разгледа и Предлог – законот за дополнување на Законот за водостопанство, по скратена постапка, во второ читање.

На седницата на Буџетскиот совет на Собранието на дневен ред е Предлог-буџетот на Република Македонија за 2017 година, во второ читање.

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“