Градоначалникот Зоран Дамјановски и СДСМ како негова матична партија чии кадри управуваат со општината молчат. Вчера СДСМ премолче, а Дамјановски не објасни дали и како планира да го врати долгот. Тоа само кажува каков неодговорен однос кој го имаат кон граѓаните на Куманово, изјави денеска Мирослав Стојановски, од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој тврди дека немало пари за улично осветлување, но имало за скапи службени ручеци и нов службен автомобил за секретарот на општината.
– Куманово е единствениот град каде има несигурен дотур на вода за пиење, а сега има опасност да остане и без улично осветлување исто како во 18 век – рече Стојановски.