• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Писмото до амбасадорите е страв на Заев од избори и алиби да ги избегне

by А1он24/09/2016 - 15:37157
Share0

ВМРО-ДПМНЕ реагира на писмото што лидерот на СДСМ Зоран Заев вчера го испратил до амбасадорите гаранти на договорот од Пржино, оценувајќи дека тој тоа го прави бидејќи е исплашен од тоа што, како што стои во дописот, го очекува најголемиот пораз на изборите во декември и почнува да бара алиби повторно да избега и да не се соочи со граѓаните на избори“.

Добивај вести на вибер

– Затоа бара алиби да ја продолжи кризата, бидејќи само во таков амбиент може да биде некаков фактор. Овој пат тоа нема да помине. Не може Уставниот суд да му биде виновен затоа што аболицираниот Заев одлучи да игра на картата дека „сега му било мајката да ја редефинирал Македонија”. Не може никој да е виновен што самиот одлучи да нуди двојазичност и федерализација, спротивно на интересите на македонскиот народ. Не може да му се виновни судовите што Катица Јанева не може да му ги испорача политичките нарачки. Не може судовите да се виновни што Катица Јанева за една година не успеа ни да ги научи делата што му се ставаат на товар во случајот „Пуч“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според владејачката партија, инволвирањето на Уставниот суд од страна на Заев е измислување нов услов за изборите, исто како и условувањето со носењето на буџетот за идната година.

– Македонија мора да продолжи да функционира без разлика на блокадите од СДСМ. Тој што ќе победи на изборите може да направи ребаланс на Буџетот, доколку смета дека е тоа потребно. Аболицираниот криминалец Зоран Заев знае дека ќе изгуби. Негово е да се жали до амбасадите, но бегање од волјата на народот нема, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски22/01/2026 - 12:38

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Катерина Ѓуровски21/01/2026 - 13:42

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски14/01/2026 - 12:32

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 11:4412/01/2026 - 13:52

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски17/12/2025 - 14:2717/12/2025 - 14:45

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

Катерина Ѓуровски16/12/2025 - 13:06
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен