Андонов и Безак во посета на словачките полицајци на македонско-грчката граница

Од:

 Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Оливер Андонов и амбасадорот на Словачка, Мартин Безак, денеска во Дојран ги посетија словачките полициски службеници кои се распоредени на македонско-грчката граница да им помагаат на своите колеги од Македонија во обезбедувањето и чувањето на границата.

Заедничката активност на полициските сили од двете земји Андонов ја оцени како исклучително значајна, особено, како што рече, во делот на сузбивање на транснационалниот организиран криминал, илегалната миграција и криумчарењето мигранти.

– До крајот на годината се очекува уште еден контингент словачки полицајци да пристигне во Македонија, што ќе биде петти по ред, а за следната година ќе се склучуваат нови договори, рече Андонов и нагласи дека на оваа локација моментно има 25 словачки полицајци.

Тој оцени оцени дека во последно време многу е намален бројот на илегални преминувања на границата и потенцира дека соработката на земјите од „балканката рута“ и земјите од ЕУ треба да биде добар пример за вклучување на сите останати земји во решавањето на бегалската криза.

Би можело да ве интересира

Пламна пожар на границата меѓу Србија и Хрватска – гореше шума и ниската вегетација

Застој на „Евзони“ за влез во Македонија – се чека и по 4 часа на 36 степени

А1он

Метеж на граница кон Грција – за излез од Македонија се чека околу два часа

А1он

На 5 јули стартува системот за заедничка гранична контрола со Србија

Грција воведе жестоки сообраќајни казни: 1500 евра за пушење во возилото доколку во него има дете под 12 години

A1on

Двајца странци уапсени на граница – еден возел со фалс германска дозвола, а другиот со украдено возило

Анита Петровска Рајковиќ