СДСМ Прилеп: Зошто Ристески троши 1 милион и 700 илјади денари на фотокопирање?

Од:

Денеска прилепчани ја расчистија дилемата, околу она што неколку денови избегнува лично да одговори градоначалникот Марјан Ристески – зошто троши 1 милион и 700 илјади денари на фотокопирање, или според пазарни цени по 22.135 листови, секој работен ден?

Денес граѓаните имаа можност да гласаат и во четири различни кутии, да го постават гласачкото ливче, кое им нудеше избор помеѓу опциите:

1. Дали е ова за нов Гинисов рекорд – дневно копирање на 22,135 страни за 28,000 евра?
2. Дали е за во рубриката „верувале или не“ ?
3. Дали спаѓа во категоријата „лаги со опашки“ ?
4. Или пак, во категоријата „криминал и корупција“ ?

Во огромен број, граѓаните на О.Прилеп се изјаснија и ја наполнија кутијата на која стои натписот „НОВ ГИНИСОВ РЕКОРД“, иако во игра до последен момент беше и кутијата со натпис „криминал и корупција“

Градоначалниче Ристески, прилепчани одлучија.

Сега,имате прилика да го прославите Прилеп, како единствен град во Р.Македонија кој држи два гинисови рекорди.

Веднаш можете да пријавите уште еден, нов гинисов рекорд, како единствен градоначалник кој секој работен ден може да фотокопира по 22,135 страни.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра