Ролован кадаиф

Од:

Интересен начин на подготовка на кадаиф …

Потребно е:
500 гр кадаиф
путер
200 гр крупно мелени ореви
2 белки
4-5 лажици шеќер
1 лажица какао во прав

за шербетот:
1 л вода
1 кг шеќер

Подготовка:
– Пред да го направите кадаифот направете го шербетот и оставете да се излади.

– Преминете на подготовка на филот. Измешајте ги оревите со шеќерот, какаото во прав и двете белки. Убаво измешајте со лажица.

– Кадаифот внимателно раширете го, а потоа полека со кинење поделете го на ленти со широчина околу 5 см.

– На секоја лента оставете 2-3 см од почетокот и сега ставете од филот. Внимателно замотајте ја лентата. Истото направете го со сите ленти кадаиф.

– Ролованите ленти кадаиф наредете ги во тава претходно намастена со путер.

– Секое парче кадаиф полијте го со малку растопен путер.

– Ставете да се печат во загреана рерна на 150 целзиусови степени околу 1 час.

– Извадете ја тавата од рерна, оставете неколку минути да се излади, а потоа секое парче кадаиф внимателно полијте го со шербетот.

– Оставете неколку часа убаво да се впие шербете и потоа послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска