Интересна комбинација и начин на подготовка …
Потребно е:
1 тиква
200 гр бел грав со поголеми зрна
200 гр кромид
200 гр исецкано суво месо
сол, бибер
2 лажичиња мелена црвена пиперка
мелен сув зачин
2 суви пиперки
2 суви домати, ситно сецкани
Подготовка:
– Гравот измијте го и ставете го да се вари. Кога ќе почне да врие оставете го 10 минути да врие и фрлете ја првата вода. Гравот измијте го со ладна вода. Повторно ставете го да се вари во вода уште околу 45 минути.
– Кромидот ситно исецкајте го и пропржете го на масло во тава. Тргнете ја тавата на страна и во кромидот додадете 2 лажичиња мелена црвена пиперка и сецканите суви домати.
– Тиквата издлабете ја и ставете го исцедениот сварен грав во неа, но не целата количина. над гравот ставете го испржениот кромид, додадете ги сувите пиперки кои претходно сте ги наполниле со грав и на крај и сувото месо исецкано на помали парчиња. Посипете со бибер и мелен сув зачин по вкус. Одозгора повторно ставете од гравот и сипете и ладна вода.
– Поклопете ја тиквата со горниот дел што претходно внимателно го отсековте.
– Одозгора тиквата покријте ја со алуминиумска фолија и ставете ја да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 2 часа. Од време на време отворете ја рерната и ако има потреба додадете уште малку вода во тиквата.