Иако изгледа невозможно, новиот рецепт за тестото за пица од само две состојки веќе го освои светот.
Овој рецепт е идеален ако имате малкку време, а ви се јаде домашна пица. Се што е потребно за тестото е една чаша брашно и една чаша грчки јогурт.
Измешајте ги состојките во сад и оставете да отстојат пет минути. Ако е потребно додадете уште брашно.
Потоа, тестото размесете го и на него ставете ги состојките кои ги сакате. Пицата се пече 12 минути на 250 Целзиусови степени.
Добар апетит!