СДСМ: Власта на Груевски се обидува да го контролира младинскиот активзам дури и во меѓународни организации

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ наместо да поттикнува дебати и решенија од младинските организации за иселувањето на младите, за невработеноста на младите, за нивниот квалитет на живот, тие се занимаваат со рушење на секој обид на младите да влијаат на политиките, како во Македонија, така сега и во меѓународни рамки.

Преку Агенцијата за млади и спорт (АМС) се обидуваат на нерегуларен и нетранспарентен начин да го изберат младинскиот претставник во Управниот одбор на Младинската канцеларија за соработка на младите за Западен Балкан (RYCO).

Социјалдемократската младина на Македонија бара веднаш да престане обидот на ВМРО-ДПМНЕ преку АМС, за инсталирање на “свој човек” во ова тело.

Младите сами ќе ги бираат своите претставници. Тоа нема да го прави ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту било која партија. Од ова отстапки нема!

RYCO не е СПУКМ па да се бираат претставници по принципот “некое ливче нека снема” или со интервенција на полициски сили.

Младите заслужуваат вистински свои претставници, а не нечии гласници.

Генерациите кои зрачат со отвореност, борбеност, искреност, идеи, демократичност и транспарентност, на крајот ќе победат! Наскоро, младинската креативност, непреченото младинско здружување и размената на идеи, ќе станат составен дел од младинските политики и Груевски тоа не може да го спречи“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа