Нашата идеја за денешниот ручек …
Потребно е:
350 гр мелено месо
2 модри патлиџани
1 главица кромид
2-3 чешниња лук
1 пиперка
1 лажица сос од домати
2 домати
масло
сол, бибер
мелен сув зачин
малку шпагети
Подготовка:
– Измијте ги модрите патлиџани, исецкајте ги на тркалца (не ги лупете), посолете ги и оставете да отстојат.
– Потоа измијте ги уште еднаш, исушете ги и испржете ги на врело масло. Ставете ги на хартија да се впие вишокот маснотија.
– Кромидот и лукот ситно исецкајте ги и пропржете ги на малку масло.
– Додадете ги месото и зачините и продолжете со пржењето.
– По неколку минути додадете ги сосот од домати, сецканите домати и ситно исецканата пиперка.
– Сварете ги шпагетите во солена вода, исцедете ги и додадете ги кај месото. Убаво измешајте и тргнете го садот на страна.
– Испржените патлиџани распоредете ги на дното на огноотпорна тава.
– Одозгора сипете го месото и шпагетите. Одозгора наредете уште еден ред од патлиџаните.
– Ставете да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени 30-35 минути.
– Оставете да се излади, исечете го на парчиња и послужете.