Ал Џезира – Сараево
Изминативе години, секоја седмица илјадници војници, авиони, тенкови, оклопни возила… учествуваат во некоја голема заедничка воена вежба ширум светот, што вообичаено предизвикува загриженост кај најблиските соседи и силно потсетува на деновите на „покажување мускули“ меѓу Западот и Советскиот Сојуз за време на втората половина на 20-иот век.
– И додека таквите вежби делуваат како предупредување за најврелите денови од Студената вјна, не постои стравување дека тие ќе доведат до состојба каква што го одбележа поголемиот дел од крајот на минатиот милениум, затоа што веќе се наоѓаме во нова студена војна, смета Марко Чустиќ, главен редник на списанието „Дефендер“ и додава дека дури и актерите се практично исти. – На една страна се САД со своите сојузници, Русија со своите сојузници е на другата, покрај силно геополитички активната Кина на Пацификот и во Африка, потоа низа регионални играчи кои работат само во своја корист и сите останати компликации кои ги донесоа глобализацијата и деколонизацијата, вели Чустиќ.
Тој истакува дека во денешната „студеновоена состојба“ се присутни три разлики во однос на претходната, а тоа е што дел од источна Европа премина на западна страна, Русите го користат методот „софт пауер“ (мека надмоќ), влијание кое го научија од Западот (финаисирање на медиуми и невладини организации, вршење влијание преку енергетски компании и сл.) и додава дека сепак веројатноста на премин од индирекните судири во директна војна меѓу САД и Русија е минимална.
Свесен дека делува тоа што војните вежби ја креваат тензијата секаде каде што се одржуваат, тој наведува дека вооружените сили се само во служба на политичката волја во повеќето денешни држави.
– Воената вежба не може да предизвика само тензии таму каде од претходно нема политичка напнатост, вели Чустиќ.
„Безбедни од војна“
Она што е добро е дека се мали шансите денешните воени вежби да доведат до нова голема војна.
Ако третата светска војна не избувна поради вежбата на НАТО позната како „Ејбл арчер“ во 1983, за која Советите беа уверени дека е прикриен напад врз Варшавскиот пакт, посоти мала веројатност дека тоа ќе се случи денес.
Военот аналитичар Денис Авдагиќ појаснува дека големите заеднички воени вежби, како и сите други вежби од воена страна, се одлична можност да се извежба дејствувањето во случај на вистинска опасност и потребите за дејствување.
На нив се изведуваат симулирани напади, одбрана и заедничко учество на разни родови во војската, различни единици, па и различни војски.
– Интероперабилноста која е посебно заначајна во НАТО се тестира токму на големите вежби на кои учествуваат повеќето или во извесна мерка сите земји членки. Самото одржување на големи воени вежби не значи дека редовно не се одржуваат оние помалите, на кои се тестира само еден сегмент на некој род во војската или само една способност, вели Авдагиќ.
Тој додава дека исто како што интероперабилноста меѓу државите се тестира и утврдува на големите вежби, тоа се прави и со сите родови во војската.
Така во случај на војна, доколку нема добра координација и увежбаност за заедничко дејствување на пример на авијацијата и пешадијата, со воздушен напад можат да се предизвикаат „пријателски жртви“, што укажува на исклучителната важност на вежбите.
Воениот аналитичар истакнува дека не смее да се занемари ниту тоа што големите воени вежби се воедно и политичка порака.
Тие се шанса за војската да се приближи до граѓаните покажувајќи ја својата моќ, а секако и до политичарите кои се вообичаено неизоставен дел од штабот на вежбата.
– На крајот, со големите воени вежби обично се праќа и порака до непријателот или заканите. Пораката може да биде дека сме подготвени на напад или одбрана, вели тој.
Дупки во договорот
Авдагиќ појаснува дека Москва по прашањето за воените вежби е понетранспарентна отколку што се тоа членките на НАТО. Тој наведува дека сите поголеми вежби на НАТО се најавуваат со месеци, ако не и една година однапред, а најавите се упатуваат согласно со прописите на Виенскиот документ на ОБСЕ од 2011 година.
– Токму тоа е она што во поглед на вежбите на руските сили предизвикува најголема загриженост. Во последно реме, не е реткост Русија да ги користи дупките во спомнатиот документ заради голема ненајавена вежба, што предизвикува исклучителна загриженост, вели Авдагиќ.
Меѓутоа, Русија не е единствената која го користи секој расположлив дел од светот за да ги вежба своите сили, но и за да покажува моќ.
Авдагиќ истакнува дека американските Вооружени сили се навистина единствена глобална воена сила чии војници се разместени низ целиот свет и тоа не само во активни операции, туку и во бази како оние во Европа, што доведува воените вежби во кои учествуваат САД да се одвиваат низ целата планета.
– Американската војска е најоперабилната воена сила затоа што своето дејствување го вежба со најголем број војски во светот, вели тој.
Она што е заедничко за сите страни е дека сите војски се таинствени во транспарентноста на трошоците, односно ретко точно ќе ги објават трошоците за тие вежби.
Големи трошоци
За пример може да се земе руската воена вежба „Кавказ 2016“, во која учествуваа повеќе од 12,000 војници, а која го чини буџетот на Москва милиони.
– Грубо каражно, дирекните трошоци не се помали од 10 милиони евра, оценува Авдагиќ, што укажува колку чини едно вака големо „покажување на мускули“.
Со тоа вежбите ја покажуваат и својата дуалистичка природа.
Од една страна, вежбите се навистина потребни, а нивната оправданост постои доколку верувате дека ви се потребни и воени сили. – Логиката на нештата кажува дека доколку нешто поседувате, тоа треба и да го одржувате. Исто така, доколку сметате дека постои некаква одредена закана или се подготвувате за воени активности, вежбите се нужни. Од друга страна, секогаш е добро да се преиспита трошењето на средства од буџетот, вели Авдагиќ.
– Со оглед и на и натаму лошата глобална економија, смалувањето на тензиите, па и обемот на воените вежби, секако би било добро не само за сметките, туку воопшто и за сеопштата иднина на светот, заклучува Авдагиќ.