Меки и вкусни залачиња од тесто …
Потребно е:
за тестото:
475 гр бело пченично брашно
50 гр пченкарно брашно
1 лажица шеќер
1 лажиче сол
50 гр путер
1 жолчка
330 мл млако млеко
1 кесичка сув квасец
за полнењето:
2 лажици сенф
6-8 парчиња шунка
4 лажици изрендан кашкавал по желба
малку семки од сончоглед
1 јајце, за премачкување
Подготовка:
– Во малку млако млеко измешате ги шеќерот, малку брашно и сувиот квасец. Садот ставете го на топло место да стаса квасецот.
– Во останатото млако млеко ставете го путерот исечен на листови и оставете да се растопи.
– Помешајте ги пченичното (450 гр) и пченкарното брашно и додадете ги разматената жолчка, солта, млакото млеко со растопениот путер и стасаниот квасец. Замесете тест со постепено додавање на преостанатото бело брашно. Треба да добиете меко и нелепливо тесто.
– Тестото ставете го во чист сад посипан со брашно, покријте го со крпа и оставете го да стасува на топло место околу 1 час.
– Сега уште еднаш премесете го тестото и поделете го на два дела. Секој дел развлечете го во форма на правоаголник (30х40 см) и со дебелина од 0,5 см.
– Корите премачкајте ги со една лажица сенф, посипете со семки сончоглед, наредете парчиња шунка и на крај изрендајте го кашкавалот. Замотајте ги корите како ролати. Исечете ги на тркалца со дебелина од 2,5 см. Од секој ролат ќе добиете 16 полжавчиња.
– Наредете ги полжавчињата во тава на хартија за печење, покријте ги со пластична фолија и оставете малку да нараснат 5-10 минути. Тргнете ја фолијата и премачкајте ги со изматена жолчка со малку млеко и сол.
– Ставете да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 20 минути.