Ребалансот за поплавите пред пратениците

Од:

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 117. седница треба да почне расправа по новиот ребаланс на Буџетот за 2016 година, кој се предлага за да се обезбедат средства за целосно обесштетување на штетите од поплавите од 6 август годинава.

Со ребалансот се предлага обезбедување дополнителни 35 милиони евра за целосно обесштетување на поплавените.

Приходите во Буџетот се непроменети и остануваат на ниво на проекцијата од 174.291 милион денари. Расходите се зголемуваат од 195.472 милиони денари на 197.410 милиони денари, а се зголемува и буџетскиот дефицит од 3,6 на 4 проценти и ќе изнесува 23.119 милион денари, наместо 21.181 милион денари.

Ова е втор ребаланс на Буџетот годинава. Првиот беше направен во јули годинава.

Во рамки на оваа седница пратениците треба да расправаат и по Предлог законот за вработување на сто најдобри дипломирани студенти на јавните универзитети во Република Македонија, предлог законите за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, на Законот за извршување на Буџетот за 2016 година предложен од опозицијата, на Законот за престанување на важење на Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност, исто така, од опозицијата, како и Предлог законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за колокација на дипломатско-конзуларните претставништва.

Во второ читање пред пратениците на дневен ред се Дополнет предлог закон за изменување  и дополнување на Законот за студентскиот стандард  и  Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител.

Во рамките на оваа седница треба да бидат разгледани и Предлогот за избор на член на Комисијата за воедначување на казнената политика, Извештајот за реализација на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2015 година и Предлог  одлуката за давање согласност на предлогот за изменување и дополнување на Годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно возухопловство за 2016 година.

Би можело да ве интересира

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски