СДСМ: Фамилијата во заминување влегува во најкорупцискиот тендер, ќе има одговорност!

Од:

„Укажуваме дека на помалку од три месеци до изборите Груевски и фамилијата се обидуваат да го споведат еден од најскандалозните корупциски тендери во нивното владеење и порачуваме никој да не помисли да го помага, бидејки за скандалот ќе има одговорност!

Власта на Груевски во предизборие сака да дава концесија на 30 години, на фирма којашто наводно во иднина треба да изгради дистрибутивна мрежа за природен гас!

Која е фирмата на којашто фамилијата пред заминување сака да и даде 30 годишен бизнис со гас?

Денешната одлука на власта на Груевски за нов проект за изградба на гасоводна дистрибутивна мрежа, дополнително упатува на отворање пат за огромна корупција, ако е земе предвид дека само пред неколку дена тие самите ја поништија својата претходна одлука за гасификација скопскиот, западниот и источниот регион.

Малку се потрошените милиони евра пари на граѓаните за физибилити студии и тендерски документации за лагите до црвените ленти дека Македонија наводно се гасифицира.

Ги повикуваме јавните и државни службеници да не потпаднат под притисоците на власта за спроведување на очигледениоткриминал што сакаат да го направат Груевски и соработниците на заминување.

СДСМ докажа дека се грижи за граѓаните и успешно ги гасифицираше општините со коишто раководи на чесен и економиченначин. По изборите во декември ќе ги гасифицираме и сите други градови во Македонија“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски