Во Белгија извршена прва евтаназија на дете

Од:

Во Белгија првпат во историјата е извршена законска евтаназија на дете, објавија денеска белгисите медиуми, не прецизирајќи на колкава возраст било детето и од која болест било заболено.

Според истите извори, болеста на детето била во последен стадиум и лекарите процениле дека нема шанси за негово опоравување.

Белгија е единствена земја во светот каде легално е можно да се изврши евтаназија на деца. Таквата можност е предвидена со закон донесен во 2014 година.

Законот предвидува дека е можно „убиство од милосрдие“ на лица кои имаат неподносливи физички или психички болки и страдања. Кога станува збор за деца, евтаназијата е можна само поради физичките болки, а не и поради психичката состојба.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски