• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Аболицираниот криминалец Зоран Заев повторно ја излажа јавноста

by А1он16/09/2016 - 16:00116
Share0

Аболицираниот криминалец Зоран Заев повторно ја излажа јавноста. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски не добил покана да сведочи за предметот „Пуч“, така што изјавите дека тоа е причината за одложување на денешното рочиште се само уште една во низата манипулации.

Добивај вести на вибер

Политичкото слепило и непознавањето на процедурите од страна на Зоран Заев и Катица Јанева добиваат драматични размери па и двајцата мислат дека се и обвинители и судии. Двајцата денеска јавно се бламираа покажувајќи неупатеност во законската регулатива која во Македонија вели дека судот е тој што определува кога ќе изведува определени дејствија, а не обвинетиот Зоран Заев или Катица Јанева.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев е човекот кој јавно ги погази македонските судови, изјавувајќи дека нема намера да ги почитува нивните наредби и одлуки. Истиот тој аболициран криминалец сега е главен статист во фарсата која што ја играат со Катица Јанева. Заев е комотен затоа што знае дека има заштита од Катица Јанева. Аболицираниот криминалец Заев е комотен затоа што доби јавна благодарност од Соња Верушевска бидејќи Катица Јанева го ослободила од притвор Зоран Верушевски.

Тоа се двојните аршини кои политички ги наметнува Катица Јанева. Благодарение на Катица Јанева, битолскиот градоначалник Владимир Талевски е трет месец во притвор, а аболицираниот криминалец Зоран Заев на слобода, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

dpmne

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски22/01/2026 - 12:38

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Катерина Ѓуровски21/01/2026 - 13:42

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски14/01/2026 - 12:32

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 11:4412/01/2026 - 13:52

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски17/12/2025 - 14:2717/12/2025 - 14:45

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

Катерина Ѓуровски16/12/2025 - 13:06
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен