Кривичен суд: Расправата за „Пуч“ не се одржа бидејќи судечкиот совет не беше комплетен

Од:

Закажаната главна расправа за предметот „Пуч“ денеска воопшто не се одржа, бидејќи судечкиот совет не беше комплетен, односно еден од судиите поротници утрово доставил известување дека заради здравствени причини не може да присуствува на судењето, информираат од скопскиот Кривиче суд.

– По барање на повеќе медиуми за одговор на прашања поврзани со предметот со КОК 60/16 во јавноста познат како „Пуч“, информираме дека закажаната главна расправа за конкретниот предмет денеска воопшто не се одржа, бидејќи судечкиот совет не беше комплетен, односно еден од судиите поротници утрово достави известување дека заради здравствени причини не може да присуствува на судењето, а заради краткиот временски рок од известувањето не можеше да се обезбеди негова замена, па токму затоа и судењето беше одложено, па затоа Судот закажа нов термин за главна расправа на 1 ноември, а по барање на бранителите закажа и термини на 3 и 7 ноември, се со цел странките однапред да бидат подготвени за наведените термини, се наведува во соопштението од Судот.

Во однос на реакциите на присутниот обвинител дека расправата можела и порано да се закаже, од Судот информираат дека заради техничките и просторните услови Судот не можел да закаже термин за предметот познат како „Пуч“ пред веќе наведените термини.

– Во однос на реакциите на присутниот обвинител дека расправата можела и порано да се закаже информираме дека се работи за предмет со повеќе обвинети за тешки кривични дела против државата, а воедно во Кривичниот суд во Скопје, се уште е во тек судењето за предметот поврзан со случувањата во Дива Населба каде исто така се суди на поголем број обвинети за тешки кривични дела како и други притворски предмети од областа на организираниот криминал и корпуција кои се одржуваат во големата судница, па токму заради техничките и просторните услови Судот не можеше да закаже термин за предметот познат како „Пуч“ пред веќе наведените термини, се вели во соопштрението.

Во врска со изјавата на обвинителката дека Судот неоправдано го одлага предметот, од Кривичниот суд посочуваат дека главната расправа за овој предмет, за прв пат, беше закажана уште на 05.08.2015 година, а потоа беа закажани уште осум расправи во текот на наредните седум месеци од кои пет расправи беа одложени заради отсуство на еден од обвинетите кој постојано беше на пат, а три расправи по барање на обвинителката. – Па затоа не е јасно со што Судот го одолговлекува процесот, а воедно Судот не може да предвиди болест, ниту пак друго отсуство на член на советот или пак на некоја од странките, како бранител или обвинител, па токму затоа и нејасни се нервозните реакции на присутната обвинителка, велат од Кривичниот суд.

Во врска со прашањето на присутниот обвинител зошто на денешната расправа не бил повикан сведокот кој го бара Обвинителството, од Судот велат појаснуваат, конкретниот предмет се води согласно новиот Закон за кривична постапка, а самата постапка налага на првата главна расправа, да се дадат воведни зборови на странките, односно обвинителот и одбраната, а дополнително да се повикуваат сведоци и да се изведуваат докази.

– Па токму затоа и на денешното судење, согласно ЗКП, не било предвидено повикување на сведоци, особено што Судот е тој што одлучува дали и кои сведоци ќе бидат повикани, а не обвинителот. Тоа не е случај само во конкретниот предмет, туку овој Суд на идентичен начин постапува и во секо друго судење, се наведува во соопштението од Основен суд Скопје 1 – Скопје.

Би можело да ве интересира

Организаторите на пучот во Германија купувале оружје и во Хрватска

Горан Наумовски

Пучдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадицијата во Шпанија

Ана Ололовска

42 илјади евра ќе му плати државата на Верушевски зашто бил неосновано притворен

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Судот со двојни аршини: За „Пуч“ дозволи, за 27 април обвинението се оценува без јавноста

Васко Маглешов

Верушевски за душевна болка бара 71 илјади евра од државата зашто бил неосновано уапсен и притворен

Васко Маглешов

ВИДЕО: Ако не чуле обвинителите досега, еве сега нека истражат кој нè местел во „Пуч“, повика Заев

Васко Маглешов